Македонија
Состанок на Главниот кризен штаб за почетокот на второто полугодие
Главниот координативен кризен штаб вечерва ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира околу почетокот на второто полугодие. Владата на денешната прва седница седница го продолжи работењето на штабот кој менаџира со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19, а во кој учествуваат претставници на Владата и на надлежни институции.
„Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести, да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.“, соопштија од владината прес служба.
Второто полугодие треба да започне во четврток (20 јануари). Дали ќе има продолжување на зимскиот распуст, онлајн старт или учениците ќе се вратат во клупите останува да се види.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ