Вести
Во САД бојкот на водка и други стоки од руски увоз во солидарност со Украина
Во одговор на руската инвазија на Украина во повеќе сојузни држави најавија бојкот на руски производи во солидарност со народот на Украина подложен на воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Гувернерот на Охајо, Мајк Девин, синоќа објави забрана на руски увозни стоки во сојузната држава. Слични чеори се најавени и во други сојузни држави како Њу Хемпшир и Вирџинија, но и во Канада.
Во соопштение до јавноста синоќа, Девин изјави дека дал директива до Одделот за комерција на Охајо веднаш да се запре како со набавката така и со продажбата на сите алкохолни производи водка од брендот „Руски стандарт“ кои се увезуваат од Русија.
Локалните медиуми известуваат дека во повеќе од 400 продавници за алкохолни пијалоци во Охајо моментално се продаваат 6.400 шишиња водка „Руски стандарт“.
Се наведува дека сите други водки именувани со руски имиња, но произведени од дестиларници кои не се лоцирани во Русија, можат да се продаваат.
Девин исто така го прогласи 27 февруари за Ден на молитва за народот во Украина.
Во Охајо живее голема руска и украинска дијаспора.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар