Поврзи се со нас

Гостивар

Социјалните станови остануваат сопственост на државата, семејствата ќе бидат само корисници

Објавено

на

Социјалните станови во Гостивар, за кои на почетокот од месецов беше објавен оглас за распределба, ќе останат во сопственост на државата, а семејствата што ќе ги добијат ќе бидат само корисници.

После пет години институциите ќе извршат контрола и доколку семејството излегло од социјален ризик, станот ќе биде доделен на друго ранливо семејство. Тоа се прави со цел да се згрижат оние кои реално имаат потреба и да спречат обиди за манипулација, односно препродажба на становите.

„Станот останува во сопственост на државата, а граѓаните, семејствата што ќе ги добијат ќе бидат корисници. Тоа ќе се регулира со договор од 5 години. По истекување на тој временски период документите треба да се ревидираат, да се види дали на семејствата што ги добиле тие станови им е променет социјалниот статус. Ако институциите утврдат дека има промени, односно дека веќе не се во социјален ризик, станот ќе се одземе од семејството и ќе се додели на друго семејство, кое е во социјален ризик. Значи нема да има промена на сопственоста, нема да биде можно да се прави купопродажба на становите“, појаснува Азби Шаќири, директор на Центарот за социјална работа во Гостивар.

Како што веќе објави Gostivarpress.mk за социјалните станови во Гостивар, има огромен интерес. Во првите пет дена од објавување на огласот беа поднесени 300 апликации, а на располагање се вкупно 70 станови.

Според критериумите може да аплицираат: деца над 18 години без родители или родителска грижа односно кои до својата 18 година биле згрижени во институции, корисници на гарантирана минимална помош, граѓани погодени од елементарни – природни непогоди, семејства со лица со попреченост, социјално загрозени припадници на Ромската заедница како и самохрани родители со малолетни деца.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 8 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 10 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 13 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 13 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 14 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 14 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена