Поврзи се со нас

Гостивар

Многу слаб интерес за антиковид вакцини во Гостивар, апели до граѓаните да се вакцинираат!

Објавено

на

На пунктот за вакцинација против коронавирус во Гостивар, изминатиот период, драстично е намален бројот на граѓани кои доаѓаат да се имунизираат. Дневно вакцина примаат десетина лица. На почетокот од месецов Министерството за здравство почна кампања преку која ризичните групи граѓани добиваат СМС со закажан термин за имунизација, особено за трета доза.

„Последниот период многу е намален бројот на вакцинирани со прва доза. Веројатно луѓето се опуштија поради тоа што се намали и бројот на заразени. Сепак треба да сфатиме дека вакинирањето е приоритет, вакцинираните и да се заразат полесно ја поминуваат болеста. Заради интензивирање на имунизацијата преку кампањата на Министерството за здравство, граѓаните добиваат СМС пораки како потсетување да дојдат да се вакцинираат, без разлика дали е тоа за прва доза или пак за трета доза. Вакцинираме со Фајзер, чиј рок на траење е до мај месец, секоај што сака да се вакцинира слободно може да тоа провери, а имаме и вакцини на Синовак кои се со рок до 2023-та година.“, изјави д-р Дафина Богданоска, одговорна на пунктот за вакцинација на Здравествениот дом во Гостивар.

Досегашното искуство кажува дека поголемиот дел од вакцинираните се од повозрасната популација. Тие и најчесто се одлучуваат да примат бустер.

„Околу 3.000 граѓани примиле трета доза и тоа се најчесто граѓани над 65 години. Постарите некако повеќе веруваат во вакцинирањето и покажуваат повеќе интерес. Младите луѓе се поскептични. Сакам да повторам дека вакцините се сигурни, и сите заинтересирани нека дојдат да се вакцинираат“, рече д-р Богданоска.

Пунктот е отворен секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 15 часот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена