Поврзи се со нас

Спорт

Македонските ракометари обезбедија финале против Чешка во мундијалскиот бараж

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва на реваншот против Романија во Букурешт со 24-22 (12-12), но ја зачува предноста од осум голови стекната на првиот натпревар на домашен терен и ќе игра против Чешка во финалето од мундијалскиот бараж за пласман на Светското првенство 2023.

Македонските ракометари го контролираа резултатот во првото полувреме и постојано беа во водство, во неколку наврати и со три голови разлика, за на полувреме домаќините, сепак, да израмнат на 12-12.

По почетните 1-0, Романците го вратија водството во 34 минута (15-14) и се понадеваа дека ќе можат да ја анулираат негативата од првиот натпревар во Скопје кога на средина од вториот дел поведоа и со три голови разлика (20-17).

Сепак, македонската репрезентација брзо врати со два врзани голови и мирно го приведе натпреварот до самиот крај, обезбедувајќи двомеч против Чешка на 13 и 16 април, во обид по осми пат да играат на ракометните мундијали.

Капитенот и селектор Кирил Лазаров со шест голови беше најефикасен во редовите на „црвено-жолтите“, додека Мартин Томовски имаше девет одбрани на голот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена