Поврзи се со нас

Занимливости

Бојадисајте ги велигденските јајца со помош на ориз

Објавено

на

Велигденската корпа може да биде вистинско ремек дело, но често ни снемуваат идеи за бојадисување јајца. Најчесто се одлучуваме за традиционално бојадисување на јајца, украсување со растенија или лепење сликички и налепници. Има и многу други техники, како украсување со восок, но повеќето од нас сакаат да избегнат дополнителен неред и да заштедат време во подготовката на велигденската трпеза.

Доколку сакате украси и разни бои на велигденските јајца, оваа техника е совршена за вас. Станува збор за бојадисување на јајца со помош на ориз.

Во пластичен сад ставете две лажици ориз и додадете една лажичка боја за боење јајца. Покријте го садот и протресете за да се распореди бојата над оризот. Истото повторете го и со другите садови со други бои. На пример, можете да ставите црвена во еден сад, сина во друг, зелена во трет односно изберете ги оние бои што најмногу ви се допаѓаат. Исто така оризот може да го ставите и во мала најлонска кеса, а се повторуваат истите постапки.

Најдобро е да користите бели јајца за оваа техника. Јајцата треба претходно да се варат. Ставете го јајцето во садот со оризот и бојадисајте, покријте ја чашата и лесно протресете за обоениот ориз да го допре целото јајце. Кога ќе го извадите јајцето, ќе забележите прекрасна декорација со точки која е сосема поинаква од она на што сте навикнати.

Можете исто така да комбинирате бои. На пример, во сад со син ориз ставете јајце кое веќе е обоено жолто. Или, ставете го првото јајце во садот виолетов ориз, а потоа истото јајце во чаша син ориз. Ќе добиете шарена велигденска бајка.

Оставете ги јајцата целосно да се исушат на нив, премачкајте ги со масло и наредете ги во велигденската корпа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена