Поврзи се со нас

Гостивар

Празнична надеж – Велигденски хуманитарен базар во Гостивар

Објавено

на

Празничните денови кои се посветуваат на верата, духовниот мир, надежта, семејството, добрината, се вистинското време да се покаже солидарност и хуманост, да се подаде рака и да се помогне некому. Таква цел имаше настанот што денес, на Велики Петок се одржува во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар, а го организира здружението When in Trouble.

На посебен штанд се продаваат колачиња, декорирани слатки, велигденски украси и други рачни изработки, а собраните средства се наменети за социјално загриозени семејства.

„Денес, заедно со црквата организираме хуманитарен базар по повод Велигден. Имавме прекин поради пандемијата претходно, а годинава продолжуваме со оваа активност. Сите собрани средства ќе бидат неменети за купување на основни продукти, храна, кои ќе се разделат на социјални семејства, да имаат за празникот. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите кои се вклучија и ја поддржаа иницијативата со свои изработки и производи, значи фирми, слаткари и хуамани луѓе кои се занимаваат со рачни изработки“, изјави претседателката на здружението, Билјана Беловинова.

Верниците кои попладнево ја посетуваат црквата не го заобиколија хуманитарниот базар и купуваа од понуденото, давајќи на тој начин свој придонес во оваа солидарна активност.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 10 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 15 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 16 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 18 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 19 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 21 час

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена