Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Зошто секој ден треба да се јаде овошје?

Објавено

на

Секојдневното консумирање овошје има безброј здравствени придобивки.

Не само што е вкусно, овошјето е многу здраво и полно со различни хранливи материи. Експертите советуваат дека дневниот внес на овошје треба да биде една до две овошки.

Придобивките од секојдневно консумирање на овошје се сигурни и ги има многу, а еве неколку од нив:

Ги намалува воспалителните процеси

Соединенијата кои му ја даваат бојата на овошјето обично се антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и на тој начин ги намалуваат воспалителните процеси во телото.

Речиси сите овошја содржат антиоксиданси, но некои видови се особено богати со овие соединенија. Бобинките се најбогати со антиоксиданси.

Го штити организмот од хронични заболувања

Кога ќе ги намалите воспалителните процеси, ќе го намалите и ризикот од развој на хронични заболувања. Овошјето е полно со витамини, минерали, антиоксиданси и фитонутриенти кои работат заедно за да го зајакнат имунолошкиот систем.

Секојдневното консумирање на овошје обезбедува заштитно дејство на овие хранливи состојки, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар и го намалува крвниот притисок.

Овошјето помага да се одржи здравото варење

Овошјето е одличен извор на растителни влакна кои помагаат да се одржи здраво варење и спречува дигестивни проблеми како што е запек. Исто така, поради растителните влакна подолго сме сити, а помагаат и за растот на добрите бактерии во цревата.

Го подобрува здравјето на кожата

Тајната на сјајната кожа можеби не е во производите за нега, туку во корпата со овошје.

Овошјето е полно со антиоксиданси кои можат да го намалат оштетувањето на клетките на кожата со намалување на воспалителните. Овошје богато со витамин Ц како што се кивите, јагодите и портокалите се најдобри за подобрување на здравјето на кожата.

Хидратација на телото

Внесувањето доволно вода е дел од здравиот начин на живот, но добар дел од течностите доаѓа и од храната.

Овошјето содржи многу вода, па може значително да помогне во хидратацијата на телото. Лубеницата е секако овошјето кое содржи најмногу вода, а полна е и со влакна, витамини и минерали. Добро е да јадете и јагоди и дињи за хидратација.

Течноста го подобрува варењето, здравјето на зглобовите, ги пренесува хранливите материи до клетките и го нормализира крвниот притисок.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена