Поврзи се со нас

Занимливости

Дорина чоколадо со необичен додаток – чварки

Објавено

на

Хрватската компанија „Краш“ пред неколку дена објави дека произвела ограничена серија чоколади со посебен додаток – чварки.

Речиси сите корисници на социјалните мрежи останале во неверување и чудење кога ја прочитале оваа вест, сметајќи дека не е вистинска. Но, компанијата „Краш“ ги демантираше сите и одговори дека не е шега.

Една од објавите на Фејсбук страницата на компанијата гласи:

„Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, добро слушнавте, направено е крцкаво чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена компанијата Краш, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ да воведат ваков тип на чоколади. “

Оваа комбинација првпат се споменала на 1 април, на шега, но сега од компанијата истакнаа дека интересот и бројот на позитивни коментари бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата. Поточно „шегата“.

„Дорина Чварак“ е направена од 100 грама, со минимум 50 проценти какао и внимателно одбрани крцкави чварки.

Необичната комбинација на вкусови е направена рачно и во ограничена серија, а овие чоколади нема да се најдат во редовна продажба во маркетите, туку само во продавницата на Краш во Загреб.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена