Поврзи се со нас

Занимливости

Селфи синдромот поврзан со низа ментални нарушувања

Објавено

на

Според психијатарот д-р Дејвид Вил, две третини од пациентите со  телесни дисморфични нарушувања имаат потреба да постираат селфи на социјалните сајтови.

Се користи когнитивна бихевиористичка терапија за да му се помогне на пациентот да го увиди сопственото компулсивно однесување, а потоа да научи да го контролира.

Дали е можно нешто навидум безопасно како фотографија да предизвикува ментална болест, зависност, нарцисоидност и самоубиство? Многу психолози велат „да“ и ги предупредуваат родителите да обрнат поголемо внимание на она што децата го прават онлајн, за да се избегнат трагедии.

Имено, британски тинејџер се обиде да изврши самоубиство, откако тој не успеал да направи совршено селфи. Дани Бауман станал толку опседнат и поминувал по 10 часа во денот, сликајќи по 200 селфиња. 19-годишникот изгубил речиси 30 килограми, се откажал од школувањето и не ја напуштил куќата шест месеци во неговата потрага по вистинска слика. Фрустриран од безуспешните обиди, Бауман на крајот се обидел да си го одземе животот, но за среќа бил спасен од неговата мајка.

Тинејџерот е прв познат зависник од селфи во Велика Британија. Во моментов е на терапија за зависност од технологија, како и ОЦД и телесно дисморфично нарушување.

Дел од неговиот третман вклучува одземање на неговиот „iPhone“ најпрво во интервали од 10 минути, па зголемување до 30 минути и на крајот еден час.

Здравствените работници во Велика Британија најавија дека зависноста од социјалните медиуми како што се „Фејсбук“ и „Твитер“ е болест и повеќе од 100 пациенти бараат третман секоја година.

Селфињата често ги предизвикуваат перцепциите на самоуживање или внимание, кои се дел од сеништето на нарцизмот или многу ниска самодоверба.

Голем проблем со подемот на дигиталниот нарцизам е огромниот притисок врз луѓето да се постигнат неизводливи цели. На крајот на краиштата, онлајн манифестациите на нарцизам може да се стратегија за компензирање на многу ниска и кревка самодоверба. Сепак, кога се засилени и наградени овие напори од страна на другите, тие ја  зацврстуваат искривената реалност и доведуваат до консолидирање на нарцистички илузии.

Во соработка со Е наука

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена