Гостивар
Маврово и Ростуше го прослави Денот на општината
Општина Маврово и Ростуше на пригодна манифестација и со повеќе други активности го одбележа Денот на општината, 4-ти Мај. Централниот настан во спортската сала “Македонија” беше збогатен со културно-уметничка програма на која учествуваа фолклорни секции од општинските училишта, како и познати пејачи на македонска народна песна.
„Чест и задоволство ми е што денес се собравме по 17-ти пат да го одбележиме 4-ти мај, празникот на Општина Маврово Ростуше. После две години период на пандемија, оваа година сме тука на заедничка прослава. Изминатите две години целосно го сменија нашиот начин на живот и работа. Посакувам животот повторно да се врати во нормала, за да можеме непречено да функционираме како единки и институции. Во оваа пригода сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои со своето однесување и почитување на препораките придонесоа за побрзо справување со здравствената криза, како и на сите поединци и институции кои вио периодот на пандемија помагаа во полесно справување со ковид состојбата. Најголема благодарност искажувам на сите здравствени работници и полициски службеници.“, рече меѓу другото во своето обраќање градоначалникот Медат Куртовски.
На поединци и инстутуции им беа доделени плакети, а ученици добија пофалници за постигнати успеси на различни полиња.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот