Гостивар
Безбедно на мотор, полицијата едуцира средношколци во Гостивар и Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово од вчера (3 мај) започна со реализација на нов превентивно-едукативен проект „Не седнувај зад волан без положен возачки испит и безбедно управувај со мотоцикл“, чие мото е „Заштити се себе си и другите“.
Со проектот, чиј иницијатор и носител е Отсекот за превенција, ќе бидат опфатени околу 2500 ученици од втора година од тетовските и гостиварските средни училишта, а првото од серијата планирани предавања веќе се одржа во Гостивар.
Стручно обучени полициски службеници на учениците ќе им ја образложат потребата од задолжително посетување обука за возачи и полагање на предвидениот испит за стекнување со возачка дозвола. Покрај ова, исто така, учениците ќе ги запознаат и со законските импликации доколку управуваат возила без положен испит и валидна дозвола. И тоа не само тие, туку и оние кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека немаат дозвола. На предавањата учениците ќе бидат информирани и за тоа како најбезбедно да управуваат мотоцикл и што се треба да поседуваат и носат од заштитна опрема.“, соопшти СВР.
Целта на проектот е да се подигне соообраќајната свест и култура на оваа категорија средношколци, дотолку повеќе што и тие деновиве се во значителен број присутни на патиштата и улиците во Полог.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог