Здравје и убавина
Со ПМС нема шега – има ли чаре?
Предменструалниот синдром носи цела вреќа на маки и тешкотии за припадничките на женскиот пол: мачнини, подуеност, нервоза, брза промена на расположението, преголема чувствителност, несоници…Списокот е уште подолг, а справувањето со сите нив воопшто не е лесна работа. Жените најдобро знаат, но и мажите се согласуваат, со ПМС нема шега.
Медицината докажала дека високи 75% од жените страдаат од ПМС. Во обид да им ги олеснат тие неколку проблематични денови од месецот, лекарите имаат повеќе совети: поголема физичка активност, намалување на внесот на течности, земање на витамини, опуштање со музика и топла бања. Вака гледано, многу општи препораки кои жените ги прифаќаат со сомнеж. Сепак, има неколку совети што се базирани на посебни истражувања и што вреди да се пробаат. Се однесуваат конкретно на храната, а дадени се од група американски медицински експерти.
Нивните заклучоци се базираат на десетгодишно истражување во кое биле опфатени околу 1.000 жени кои страдале од ПМС и околу 2.000 кои немале никакви симптоми. Тие дошле до сознание дека оние жени кои во исхраната редовно конзумирале намирници богати со тијамин и рибофлавин (витамини од „б“ групата), немале маки предизвикани од предменструалниот синдром. Жените пак кои не внесувале такви продукти, секој месец си плачеле над своите ПМС тешкотии.
Рибофлавинот е витамин Б2 и го има во јајца, јогурт со мала масленост, спанаќ, соја, печурки, бадеми…Тијаминот е витамин Б1 и може да се најде во сончоглед, грав, кељ, ореви, грашок, квасец и туна.
Дали ќе ги прифатите советите на американците или не, е ваша работа, но едно е сигурно – кога Молиер го смислил својот познат цитат за жените, имал на памет жена во ПМС: -“Жената е единственото суштество кое може да плаче и да се смее за иста работа, а често пати и во исто време“
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ