Гостивар
30 мотоциклисти „заработија“ казни во вчерашната контрола во Гостивар
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (12 јуни) од 17 до 22 часот спроведена е акциска контрола на мотоцикли во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 63 прекршоци, од кои 33 во Тетово и 30 во Гостивар. Повеќе од половината од констатираните прекршоци (38) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-18 и ГВ-20), 12 лица (ТЕ-9 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без положен возачки испит и соодветна дозвола за тоа и така натаму. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки, информира СВР.
При контролата, исто така, санкционирани биле и 19 други видови сообраќајни прекршоци.
За една недела на поширокото тетовско-гостиварско подрачје биле изречени над 100 мерки на мотоциклисти, од кои најмногу за некористење на потребната заштитна опрема, односно шлем, со напомена дека глобата за овој вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност, а за управување без дозвола 250 евра, исто така, во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да ја користат законски предвидената заштитна опрема, да не ги управуваат мотоциклите без положен испит и навреме да ги регистрираат. Ова, уште повеќе што во наредниот период планирани се почести контроли, со цел да се откријат и санкционираат сите оние мотоциклисти кои ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ