Поврзи се со нас

Гостивар

Без пукање на свадби, казните се до 500 евра-потсетува СВР Тетово

Објавено

на

Летниот период вообичаено се организираат голем број свадбени и други свечености, кои повеќе или помалку, се карактеризираат со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или  неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства.

Со цел навреме да се превенираат и ефикасно да се спречат овие појави,  Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра.Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“,  за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик на Република Македонија ).

На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните  организатори навреме да ги спроведат  пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Секторот за внатрешни работи Тетово  во месеците кои претстојат, во значителна мерка ќе ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир и конкретно и ефикасно ќе постапува, а за што деновиве и се одржуваат бројни состаноци на совeтодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 9 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 11 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 14 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 15 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 18 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 19 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 20 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 21 час

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 22 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена