Поврзи се со нас

Гостивар

Изложба на Решат Амети во Загреб

Објавено

на

Во галеријата на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Решат Амети со три заокружени циклуси на дела создадени во последните десетина години „Од традицијата“ и „Пробив на светлината“.

– Сликарот Решат Амети не е непознат на загрепската публика, згора на тоа, има постојан круг пријатели од изложбата во музејот Мимара во 2017 година. Еден од уметниците со значајна меѓународна кариера, овој сликар со адреса во Македонија се избори во своето сликарство за мошне профилиран и препознатлив стилски пресек на трагата на лирската, гестуалната и колористичката апстракција, пишува историчарката на уметност Ива Керблер.

Решат Амети е роден на 16 мај 1964 година во Гостивар. Моментално работи како професор по сликарство на Факултет за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово и е претседател е на Друштвото на ликовните уметници  „ДРАУДАКУМ“. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. д-р Ана Темкова, а постдипломски студии завршил во 2002 година на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во класата на проф. д-р Реџеп Фери.

Амети е меѓународно признаен уметник, носител на Наградата за животно дело на Art@Culture. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави итн. Имал над 50 самостојни изложби, организирани претежно во странство.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена