Поврзи се со нас

Македонија

Помош за полошкиот регион за подобро справување со опасноста од поплави

Објавено

на

Невзат Абдили живее во Јеловјане повеќе од половина век. Не поминува ни ден без да се потсети на трагичните настани кога при свлекување на земјиштето во селото изгубил речиси сѐ за што работел цел живот. Куќата распукала, штетата е непоправлива и семејството Абдили морало да се исели од домот, а младите заминале во потрага по работа во градовите.

Погледнете го апелот за помош на Невзат:

Но, помошта е тука. Надежта за Невзат и мештаните ја враќаат активностите кои веќе даваат резултати во рамки на „Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог“ финансирана од Швајцарската влада, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Програмата предвидува трансформација на системот за заштита од поплави преку развој на интегриран и софистициран пристап во справувањето со поплавите и друг вид катастрофи.  Клучен чекор е што за прв пат во земјата е направена мрежа од девет општини, Тетово, Гостивар, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Желино, Јегуновце, Маврово-Ростуше и Брвеница кои заеднички работат на изработка на планови за заштита од поплави. Меѓуопштинската координација на активностите и споделување на меахнизацијата се пресудни за спречување на идни поплави со катастрофални последици за животите и имотот на населението.

Санација на речните корита, стабилизација на свлечишта, санирање на диви депонии по теченијата на реките, чистење и одржување на постојните канали за атмосферско одводнување, изградба на заштитни брани, пошумување со цел задржување на поројната вода, реконструкција на постоечките и поставување нови хидролошки-метеоролошки станици.

Ова се само дел од активностите во рамки на „Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог“ финансирана со 12 милиони швајцарски франци од Швајцарската влада, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 6 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 8 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 11 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 12 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 15 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 16 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 17 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 18 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 19 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена