Гостивар
Амбасадорот на НР Кина го посети дневниот центар „Заедно можеме“ во Гостивар
Амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Жанг Зуо денеска ги посети просториите на Здружението на лица со посебни потреби “Заедно Можеме” во Гостивар.
Кинеската делегација се запозна со користењето на опремата која по препорака на претседателот на Собранието, Таљат Џафери, донираше 520.000,оо денари за обезбедување на неопходна опрема во Дневениот Центар „Заедно можеме“ од Гостивар.
Средствата се искористени за опремувањето на Сензорната соба и набавката на комјутери, паметна табла и клима уред за едукативниот дел од Дневниот центар кои ќе придонесат во подобрување на секојдневната работа на дефектолозите кои работат во Центарот, а во исто време престојот на децата на дневна основа ќе биде многу поудоубен и попродуктивен.
„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Кинеската амбасада за донацијата, но и на претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Талат Џафери и неговиот кабинет кои посебно го препорачаа Заеднно Можеме центарот и помогнаа во реализацијата на оваа донација“, рече Шпенди Салија, претседател на „Заедно можеме“
При посетата двете страни разменија прикладни подароци и благодарници. На денешниот настан во име на претседателот на Собранието присуствуваше шефот на Кабинет, Илир Селмани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот