Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Ахмети во Гостивар на средба со турската заедница: Ние не правиме коалиција за тендери, туку коалиција со граѓаните

Објавено

на

Во рамки на предизборната кампања за Локалните избори, претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во Гостивар беше на средба со турската заедница и побара поддршка за Невзат Бејта на гласањето во недела.

„Во 2001-ва година турската заедница немаше свој претставник во преговорите за Охридскиот договор, јас барав права за сите што ги немаа, и Охридскиот договор е придобивка за сите. Бев претставник на сите во НАТО, ЕУ, САД, затоа што верувам дека само како еднакви можеме да одиме напред. Вечерва дојдов пред вас за да побарам поддршка за новото поглавје на ДУИ, кое бара многу посветеност и експертиза за да се спроведе. Без силна соработка со општините, оваа платформа ќе се соочува со пречки. Бев во Чегране пред да дојдам овде и дознав дека граѓаните 4 години барале стадион, Владата ги доделила парите, но градоначалникот ја блокирал оваа инвестиција. За да добиеме, за да донесеме во земјава над две милијарди евра од странство за проекти потребна ни е соработка на општините. Слушам дека другите прават коалиции, но ние не правиме коалиции за тендери, ние имаме коалиција со граѓаните. Го ставив мојот потпис турскиот јазик да стане официјален јазик во Кичево, и тоа не го правиме за гласови, туку за целосна рамноправност. Сите дадени ветувања ќе бидат исполнети и верувајте дека за вас како заедница сум многу посветен. Ајде заедно да работиме“, рече Ахмети.

Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта пред граѓаните меѓу другото зборуваше за проектите предвидени во изборната платформа.

„Гостивар има прекрасен мозаик од Албанци, Турци, Македонци, Роми… Кога бев градоначалник не правев разлика, работев за сите подеднакво. Во 2005 година во првиот мандат направивме училишта во Здуње, во Бањица, за прв пат го официјализиравме турскиот јазик во Општина Гостивар. Го поставивме турското знаме пред општината. Сега имаме нова програма, која ќе ја заживее економијата на градот и со која се решаваат сите проблеми што ги имаме во нашиот град. Првиот е проблемот со Русино, што ќе го решиме заедно со помош на Владата и меѓународните пријатели. Ќе го исчистиме Гостивар од кучињата скитници, ќе го растовариме сообраќајот, ќе изградиме нов мост, ќе ги исчистиме дивите депонии, ќе ги реновираме парковите и пешачката патека покрај Вардар. За овие проекти бараме ваша поддршка, поддршка од сите, Турци, Македонци, Албанци… Гласајте за ваше добро и за добро на вашите деца. На 31 октомври, заокружете го бројот 3“, изјави Бејта.

На средбата обраќање имаше и вицепремиерот и организациски секретар на ДУИ, Артан Груби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена