Поврзи се со нас

Македонија

Антикорупциска отвора предмет за изградбата на автопатиштата

Објавено

на

Државната комисија за спречување на корупцијата отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 што го врши ИРД. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е дел од ИРД, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.

Велат дека ќе треба време за да се обезбедат сите документи затоа што се работи за огромен тендер.

„Ако се има предвид фактот дека е огромен тендер со голема вредност, мислам дека вреди да се почека да се добие таа документација и дополнително потребно е време за нејзино анализирање. Тие се странски фирми за кои нашето истражување по нив ќе биде малку ограничено. Доколку има потреба ќе се потрудиме да најдеме и дополнителни податоци“, изјави Катица Николовска, член на ДКСК за „Сител“.

Денеска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе со тврдење дека од 2016 година соппственик на шпанска „Ептиса“ е кинеска компанија и дека генералниот директор на компанијата е Кинез.

Договорот за изградба на четири автопатски делници беше потпишан вчера со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Според договорот што беше потпишан во Владата, конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар – Букојчани (30,3 км) и Прилеп -Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри. За изградбата на автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена