Македонија
Апел: Граѓаните беспотребно да не одат во банките, ќе бидат известени кога да подигнат платежна картичка
Македонската банкарска асоцијација излезе со апел за поголема внимателност на граѓаните и следење на препораките за заштита од коронавирус.
„Во текот на изминатите денови пред некои од експозитурите и филијалите, според информациите од банките, за жал се создаваат поголеми гужви, односно редови за чекање, бидејќи дел од клиентите доаѓаат со цел да се информираат за проектот генерално, односно да добијат информација дали се меѓу граѓаните на коишто им следува домашна платежна картичка, без претходно да ја посетат веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk. Некои од граѓаните и без претходно да добијат информација кога и каде да се обратат, ги посетуваат банките за подигнување на картичката. Една од нашите членки домашната платежна картичка ќе ја доставува по пошта на адресата на клиентот којшто е корисник на домашната платежна картичка. Заради заштита на јавното здравје, апелираме корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. Истовремено, апелираме до сите клиенти на банките коишто за овој проект испраќаат СМС-известувања, посетата на филијалата и експозитурата да ја реализираат во терминот посочен од банката, преку СМС-известување, при што ќе ги почитуваат обврските за задолжително носење заштитна маска и одржување соодветна дистанца. Со тоа секој ќе придонесе и за заштита на своето и на здравјето на другите.“, се вели во соопштението.
Од асоцијацијата нагласуваат дека во врска со домашната платежна картичка, секоја од банките вклучени во проектот има воспоставено свој протокол за издавање на картичките. Согласно важечките политики и процедури, повеќето банки, издавањето на домашната платежна картичка го организираат на начин што на клиентите, доставуваат СМС-пораки со информации за филијалата или експозитурата, датумот и часот за подигнување на картичката за секој клиент одделно. Во примена се и веб-решенија и контакт-центрите на банките, со што потребата од доаѓање во филијалите и ескпозитурите за информирање е сведена на минимум.
„Во текот на корона-кризата, банките континуирано преземаат активности за заштита на здравјето на своите клиенти, вклучително и кога е неопходно тие да ги посетат филијалите и експозитурите, а во изминатиот период, во оваа насока, фокусот е ставен на проектот „Купувам домашно“.“, велат од МБА.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград