Поврзи се со нас

Вести

Атрактивно, но забрането за туристи!

Објавено

на

 

Освен воените, вселенските и нуклеарни бази, тајните архиви, бункерите за судниот ден и слично, на туристите им е забранет пристапот на некои интересни светски дестинации.

 

Нефт Дашлари (Азербеџан) – Вештачки град на вода

На оддалеченост околу 55 км од најблиското копно на Каспиското евезо во Азербеџан се наоѓа индуската населба Нефт Дашлари, првиот offshore систем на нафтени платформи во светот. Комплексот е изграден во педесетите години од минатиот век како систем на вештачки острови издигнати покрај нафтените спроводи во вода и поврзани мрежно со челични мостови. Во седумдесетите, градот можел да прифати околу 5000 луѓе, а имал 300 км мостови, згради, хотел,продавници и трговски центар. Денес инфраструктурата е во пропаѓање,зградите се во фаза на рушење, повеќе од половина мостови се уништени, но сепак околу 2000 луѓе работат на спроводите. Пристапот на туристи е  забранет поради сигурност, дозволата за посета може да се добие единствено преку владините агенции во Баку. Швајцарската филмска екипа во 2008 година добила дозвола за снимање на документарен филм, а во 1999 година на мостовите е снимена сцена на Џејмс Бонд во филмот Светот не е доволен.

 

Исе Гранд Шрин (Јапонија) – Јапонско светилиште на смртта и повторното раѓање

Во близина на градот Нагојае во Јапонија се наоѓа Светиот град Исе, едно од Јапонските светилишта посветено на божицата на Сонцето со многу храмови. Влезот во храмовите е забранет за туристи, во нив може само да влезат свештениците и кралските семејства. На секои 20 години храмовите Наику и Геку во потполност се рушат и од почеток се градат со верување на шинтоистичката идеа за смрт и повторно раѓање. Последното рушење и обновување се случило во 2013 година по 62 пат. Иако никој не може да влезе во храмовите, Светиот град го посетуваат 7 милиони верници и туристи годишно (шетаат во паркот покрај храмовите).

 

Ласко (Франција) – непроценлив ѕиден цртеж од камено време

Во близина на Монтињак во Франција четири деца во 1940 година, случајно откриле пештера со цртежи со животни на ѕидовите. Сликите стари околу 17 илјади години биле отворени за јавноста во 1948 година, но јаглеродниот диоксид од 1.200 посетители дневно ги уништувал сликите, па затоа во 1963 година, пештерата била затворена за јавноста. Во 1983 година е отворена друга пештера со илустрација на сликите 200 метри подалеку од реалната. Дневниот капацитет на посетители се зголемил на 2000 луѓе.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена