Вести
Трет прес од кампањата на Таравари „Вистината за ДУИ“ : Злоупотреби во ЈП „Паркинг и зеленило“
Гостиварската локална власт и овој четврток продолжи со кампањата „Вистината за ДУИ“ чија цел е, како што велат, да ги изнесат во јавност злоупотребите од претходното општинско раководство. Тема на денешниот прес беше Јавното претпријатие за паркинг и зеленило.
„Внатрешната ревизија во ЈП паркинг и зеленило евидентиташе повеќе неправилности и прекршувања. Претпријатието е оставено во долгови во износ од 5,2 милиони денари. Персоналниот данок на платите не е платен од јануари до септември 2017-та година. Буџетот на претпријатието бил оштетен во износ од околу 5.000 евра секој месец, кои пари оделе на сметка на фирмата со која е склучен договорот за зонско паркирање, а спротивно токму на тој договор. Наместо на фирмата да се исплаќа нето износ како што стои во договорот, бил исплаќан бруто, од кои причини не знаеме. Потоа, во затворениот тип паркинзи се вршела наплата со билети на рака и без фискални сметки. Колкава штета е направена може да се оцени по фактот што тогаш месечните приходи од тие паркинзи биле 15 илјади денари, а сега кога се е фискализирано, во декември на пример приходите од истите паркинзи се 100 илјади денари, во јануари до сега се 129 илјади денари“, рече портпаролот на ЈП „Паркинг и зеленило“, Расим Абдули.
На коментарот од ДУИ дека наместо да прави прес конференции треба да почне да работи, градоначалникот Таравари одговори: „Ние секојдневно работиме и покрај пречките и блокадите од централната власт. Со „Вистината за ДУИ“ ќе продолжиме затоа што сметаме дека сите граѓани треба да знаат кој и како ги злоупотребил нивните пари. Дали ќе оди правдата до крај тоа не е моја работа, јас сум градоначалник и моја обврска е да бидам транспарентен“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот