Спорт
Без победник на дербито на колото помеѓу ФК Гостивар и Пелистер (1-1)

Дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига кое се одигра денска на Градскиот стадион во Гостивар помеѓу ФК Гостивар и Пелистер заврши без победник (1-1).
Гостиварци брзо дојдоа во водство со голот на Симеон Христов во 7. минута. Каланоски се најде сам со голманот на Пелистер, по шутот, Христов прв стигна до одбиената топка за водство од 1-0. Радоста на домаќините траеше до 29. минута, кога по еден слободен удар од полудесно Љамчевски биеше неодбранливо за домашниот голман за израмнување 1-1, резултат со кој се замина на паузата.
Вториот дел донесе борбена и изедначена игра. Повеќе се играше на половината на Пелистер, Гостивар се обидуваше да стигне до втор погодок, но битолчани успеаа да ја сочуваат мрежата за поделба на бодовите.
По денешното 16-то одиграно коло, Воска и Вардар се најдоа на делба на првата позиција на табелата во ВМФЛ со по 46 бодови, Гостивар е трет со 44, Пелистер на 4. позиција со 40 бодови.
Во следното коло ФК Гостивар му гостува на Воска Спорт во Охрид.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава