Гостивар
Божикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре наутро, покана за присуство до сите верници
Со благослов на епископот Антаниски г. Партениј игумен на Свештената бигорска Обител, божикните празнувања, почнуваат од утре наутро а покана за присуство имаат сите верници, кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во овој познат манастир.
Утре во 6:30 ќе биде отслужена Утрена и Божествена Литургија во спомен на Свети Наум Охридски. Во согласност со црковниот богослужбен типик, службата на Свети Наум се префрла од петок во четврток, бидејќи во петок не се служи Божествена Литургија, туку Царски Часови. Во петок, 5 јануари во 6:30 часот ќе биде отслужена Утрена богослужба со Царски Часови за Рождество Христово, додека попладне во 16 часот Вечерна богослужба, информираше отец Кирил.
Додава дека во сабота во 6:30 часот ќе се отслужи Утрена со Златоустова Литургија, во 15 часот Празнична Вечерна богослужба во чест на Рождеството Христово а од 18:00 до 19:30 Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди.
Во 21:00 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Василева Литургија, со којашто ќе чиноначалствува старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител, заедно со монашкото братство, нагласува отец Кирил.
По традиција во Бигорски манастир се очекува големо присуство на верници од сите делови на државава, дел од нив веќе се тука.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди