Македонија
Бројката на заболени од корона во Македонија се зголеми, потврдени се нови пет случаи

Во текот на вчерашниот ден (16 март) регистрирани се 5 нови случаи на заразени од коронавирус во земјава, но и двајца пациенти чии тестови биле позитивни, а ги направиле во лабараторија на приватна клиника, поради што ќе мора да се повторат денес во лабараториите на Институтот за јавно здравје.
Новите потврдени случаи се пациентка на возраст од 54 години, која се вратила од Холандија, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец и 4 лица од Дебар.
„Најдени се сите контакти од семејството на пациентката која била во Холандија, таа била во домашна самоизолација, според нејзиното кажување и анкетата на епидемиолозите. Контактирани се членовите на семејството, возачот на таксито којшто ја возел од аеродром до дома, а во овој момент се контактираат уште 31 лице кои се вратиле со авионот, а кој пристигнал од Виена. Таа е со лесна клиничка слика и веќе е хоспитализирана. Со ова, бројката на сместени и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје сега е 14“, изјави вчеравечер на прес конференција министерот Венко Филипче.
Со официјално потврдените случаи вчера, бројо тна заболени од коронавирус во Македонија достигна 23.
Министерот донесе наредба за мерки на мобилизација, организација и распоред на работата и работното време на здравствените установи.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград