Гостивар
Чествување на Илинден во Гостивар во духот на традицијата со народни песни и ора
Во предвечерието на Илинден-Денот на Републиката, во Гостивар се одржа Концерт на народни песни и ора, во убава празнична атмосферата во Летниот Амфитеатар на Кејот на Вардар. Пред граѓаните кои дојдоа на заедничко илинденско чествување, а ги имаше од сите генерации, настапија ГАКУД „Браќа Ѓиноски“,културно-уметничкото друштво „Младост“ од Кичево, и вокалните солисти Мирослав Крстески, Владо Глигоровски и Јовица Николоски.
„Илинден е најдржавотворниот датум, дури два пати во историјата сме формирале држава на 2-ри Август, првиот пат во 1903 и вториот пат АСНОМ, 1944 година. Чест ми е што ќе уживаме заедно во нашата скромна прослава, и се надевам дека во иднина овој настан ќе успееме да го претвориме во традиција.“, рече во поздравниот говор, организаторот Предраг Ристески.
Во чест на Илинден во Гостивар утре ќе се одржат уште два настани: собир со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци и свеченост во Центарот за култура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија