Поврзи се со нас

Гостивар

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Објавено

на

Православните верници денес (19 август) одбележуваат голем христијански празник Преображение Христово. Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во својата ненадминлива и несоздадена слава.

Централната прослава на празникот во Гостивар традиционално се организира во манастирот во изградба „Свето Преображение“ во населбата Циглана. Во храмот утрово дојдоа бројни верници од сите генерации, да бидат дел од празнувањето и осветувањето на грозјето што е обележје на празнувањето. Со мир и радост во срцето си поддаваа рака посакувајќи си „За многу години“ , споделувајќи ги моментите на духовно растење и молитва.

Темелите на манастирот, кој е прво православно светилиште што се гради во Гостивар после еден век, беа осветени во 2014-та година. За текот на работите и плановите поразговаравме со Даниел Радески, од Иницијативниот одбор на здружението за изградба на манастирот.

„Од септември планираме да имаме прием на нови членови на здружението, особено младинци. Поголемиот дел од нив и до сега биле вклучени во активностите, но ете сега тоа да го официјализираме и секако да го прошириме составот на луѓето кои помагаат за манастирот. Планираме карабината во текот на следната година целосно да се заврши и да почнеме една нова страница, нова приказна, заедно со МПЦ, за ставање во функција на црквата, како би имало редовни служби од страна на свештениците од гостиварската епархија и народот да може поконтинуирано да го посетува манастирот, иако тој и во моментов е често посетуван. Изминатиот период се изгради потпорен ѕид долг околу 60 метри, висок 5 метри, којшто многу ќе ни помогне за да ги завршиме натамошните градежни работи целосно со фасадата, како и партерното уредување.“, рече Радески додавајќи дека во соработка со општината се работи на проекти кои теба да резултираат со уредување на двата пата што водат до манастирот: едниот од Циглана, другиот преку околната шума.

По литургијата, осветувањето на грозјето и пресекувањето на славските колачи од кумовите, прославата продолжи во дворот на манастирот со народен собир.

Во предвечерието на празникот, вчеравечер беше организиран концерт на Влатко Миладоноски, кој беше масовно посетен од гостиварци.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена