Поврзи се со нас

Македонија

Централниот одбор на СДСМ треба да ја разгледува оставката на Заев

Објавено

на

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, која беше одложена во вторникот поради тридневната жалост, треба да се одржи вечер и на неа се очекува да биде разгледана оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.

Доколку оставката биде прифатена, почнува постапка за избор на нов претседател на партијата. Според Статутот на партијата, предвиден е рок од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.

Дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места.

Во меѓувреме, се работеше и на зајакнување на парламентарото мнозинство, откако не успеа обидот на опозицијата за изгласување недоверба на Владата на Заев во Собранието.

Вечер заседава и Централното претседателство на Алтернатива, кое треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев, партијата да биде дел од Владата во наредниот период.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 26 минути

Таравари: Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија за меѓуетничките односи

Македонијапред 1 час

Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 2 часа

Во Градец пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост

Гостиварпред 3 часа

Нарушен јавен ред и мир во Гостивар на прославата за Ердоган

Македонијапред 4 часа

Бектеши: Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи и нема поскапување на струјата

Гостиварпред 5 часа

Реоформен Младинскиот совет во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Тепачка во гостиварска Циглана, приведени неколку лица

Македонијапред 6 часа

УЈП: Рокот за годишните даночни пријави истекува на крајот од овој месец

Македонијапред 8 часа

Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена