Поврзи се со нас

Спорт

Давитков со пораз дебитираше на клупата на КК Гостивар

Објавено

на

Екипата на КК Гостивар го загуби натпреварот против МЗТ Скопје кој се одигра попладнево во Спортската сала Младост во Гостивар со резултат 69:78.

Тренерот Јорданчо Давитков со пораз ја започна новата улога на клупата на гостиварци, но првиот предизвик беше оној најтешкиот и неговите играчи не успеаа да го надиграат актуелниот шампион.

Силното темпо од самиот почеток на МЗТ Скопје беше нерешлива енигма за домаќините, кое го контролираа низ целото прво полувреме. Добрата одбрана и искористувањето на рекетот беше разликата што им донесе на аеродромци лесни поени и двоцифрена предност веќе по првата четвртина (10-25), на полувреме се замина со резултат 28-44.

Во вториот дел, КК Гостивар се обиде да се врати во натпреварот со шутот за три поени, дури и ја намали разликата на достижно ниво, но МЗТ Скопје одново ја презеде иницијативата, со агресивната одбрана и стабилност во нападот ја однесоа победата со 69-78.

Овој пораз беше деветти за Гостивар во сезоната и прв по назначувањето на Давитков како тренер. Со оваа победа, МЗТ Скопје се искачи на врвот на табелата со 12 победи и само еден пораз.

Баковиќ беше најдобар поединец на теренот, кај Гостивар Вилијамс даде 18 поени, а Митевски и Стојаноски запишаа по 14 поени.

Повеќе фото на Телеграм каналот на Gostivarpress.mk

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 5 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 7 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 8 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 10 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 22 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 24 часа

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 ден

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 1 ден

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена