Поврзи се со нас

Гостивар

Дебата во Гостивар: Можат ли жените да се обединат без оглед на политичката припадност?

Објавено

на

Потребни се повеќе жени на одлучувачки позиции, обединување на жените во борбата за женски права, без оглед на нивната политичка определба и креирање на родово балансирани буџети. Ова беа дел од поентите произнесени на синоќешната дебата, која се одржа во Гостивар, по повод Меѓународниот Ден на жената, 8 Март.

Своите ставови и мислења на теми врзани со родовата рамноправност, положбата на жената во општеството, унапредувањето на позицијата на жените, машките гледишта на еднаквоста и слично,  ги искажаа Соња Дамјановска и Номза Шаќири, советнички во Советот на Гостивар и Блерита Мустафаи Мазлами, претставник на граѓански сектор.

„Родовата рамноправност бара еден системски пристап за да има вистински резултати. Почнувајќи од училиштата, треба да се образоваат родово сензитивни деца, потоа институциите да воведуваат мерки што ќе стимулираат жени кои ќе работат на своите права, да се издвојуваат буџети во општините за поттикнување на повеќе жени во бизнисот, спортот и така натаму.“, рече Дамјановска.

Во Советот на општина Гостивар жените се застапени со 30%, што според Шаќири не е доволно.

„Како жена Советник во општина Гостивар, не сум задоволна со квотите што се поставени за жените. Во Советот сме само 30% жени, а веќе во некои од партиите како што е и Алијанса за Албанците учеството на жената е 40%. Потребни се повеќе припаднички на женскиот пол на одлучувачки позиции, а не само да бидат во улога на набљудувачи“, изјави Шаќири.

Професорката Мазлами, која води невладина организација за женски права, меѓу другото нагласи дека во напорите на жената да биде успешна во работата и да напредува,  неопходна е поддршката од мажот и семејството. „Не само декларативна поддршка, туку вистинска, што подразбира мажот да се вклучи во обврските дома, затоа што жената не може сама се да постигне. Кај нас, се уште владее патријархалност, 63% од жените се домаќинки, а мажите чекаат сите работи во домот да ги заврши жената“, рече Мазлами.

Во однос на тоа, дали жените можат да ги надминат политичките разлики и да настапуваат заеднички кога се работи за родовата еднаквост, учесничките се сложија дека тоа е неопходно и дека се подготвени на таков чекор. Сепак, во дискусијата што се разви, околу поддршката на проекти, буџетирањето, комисијата за родова еднаквост можеше да се забележи дека жените во голема мера ги бранат партиските политики и убедувања.

Дебатата „Ајде да зборуваме за жените“, во Гостивар ја организираа невладините OYA  и Democracy Lab

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 10 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 10 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 19 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена