Поврзи се со нас

Гостивар

Децата со попречености од Гостивар твореа на арт симпозиум – „Заедно можеме“ и „Силиндарт“ соработка

Објавено

на

Членовите на Здружението на лица со посебни потреби „Заедно Можеме“ од Гостивар, беа дел од четвртото издание на Меѓунардониот симпозиум на уметноста „Струга 2020“, во организација на Здружението за уметност и култура “Силиндарт“ – Гостивар.

Дваесетина дечиња со посебни потреби, твореа уметнички дела со помош на уметниците, учесници на Симпозиумот.

“Со задоволство се одзвавме на  поканата на претседателот на Здружението “Силиндарт“ – Бурхан Ахмети, за нашите членови, речиси сите деца, да учествуваат на овој толку значаен културен настан и да ја вкусат уметноста и културните настани исто како сите. Делата кои ги создадоа на овој Симпозиум, ќе ги презентираме пред јавноста на некој друг пригоден настан“, вели Шпенди Салија, претседател на Здружението “Заедно можеме“.

Симпозиумот се организира 4-ти пат по ред, а ова е прво издание во кое учествуваат лица со посебни потреби.

„Сметаме дека покрај другите активности како што се уметнички настапи, мурални слики 3Д, поетска вечер и завршна изложба, еден ден од овој симпозиум да го издвоиме за лица со посебни потреби. И радоста на овие деца, но и нашето задоволство додека работевме со нив, не убедија дека не згрешивме и планираме на сите наредни изданија да организираме ваков настан, бидејќи цениме дека нивната социјализација и учество во културно-уметнички активности, е скапоцено за целото општество“, изјави Бурхан Ахмети, претседател на “Силиндарт“.

Организаторите, на учесниците им доделија Сертификати за учество, а претседателите на двете здруженија, разменија Признанија за дадениот придонес.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил

Здравје и убавинапред 3 недели

Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?

Гостиварпред 2 недели

Гостиварец ја пријавил сопругата за напад, регистрирани и други случаи на семејно насилство

Гостиварпред 3 недели

Прекин на водата во Малеарди, населба Млаки и дел од село Дебреше

Гостиварпред 2 недели

Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот

Гостиварпред 2 недели

Малолетник од Гостивар пријавил вознемирувачки случај, лице го наведувало на полови односи

Гостиварпред 2 недели

Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо

Гостиварпред 3 недели

Несреќа кај Ростуше, повредени повеќе лица

Гостиварпред 1 недела

Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате

Гостиварпред 2 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 9 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена