Гостивар
„Полковникот птица“ на Гостиварски театар „слета“ на домашната сцена
По успешната премиера пред неколку дена на „Охридско лето“, Гостиварски театар вчеравечер ја изведе претставата „Полковникот птица“ и пред домашната публика, на сцената на Центарот за култура „АСНОМ“.
Црната комедија на текст од познатиот бугарски драмски писател Христо Бојчев, носи дејствие полно со иронија и сатира, кое остро ја портретира реалноста. Режисерот Андреј Цветановски за претставата вели дека е ода на лудоста и дека го поставува прашањето-кој од нас е нормален, а кој е луд.
Поради ковид пандемијата, претставата се одигра пред ограничен број гледачи, за кои беше задолжително носење на маски и одржување растојание. Тоа не ја попречи театарската магија, публиката беше воодушевена и го награди Гостиварски театар со силни аплаузи.
Во „Полковникот птица“ улогите ги играат: Ѓорѓи Нешкоски, Елизабета Клинчаревска-Младеновска, Марко Дојоски, Береда Решид, Марија Кондовска, Аријан Ејупи, Дритан Лазами, Кујтиме Ахмети, Ајше Усеини и Берат Махмути.
Сценографијата и костимографијата се на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба