Вести
Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот
Европските земји денеска го слават Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во сеќавање на почетокот на создавањето на Европската Унија и завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година.
Годинава се навршуваат 77 години од крајот на Втората светска војна и 72 години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската Унија.
Во земјите на ЕУ, особено е важен Денот на Европа, што означи пресвртница во односите на европските земји, но и отворање пат кон создавање заедничка држава на континентот. Во Русија пак, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна.
Во Стразбур денеска ќе се затвори Конференцијата за иднината на Европа. Ќе присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон и претседателките на Европската Комисија и Европскиот Парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола.
Макрон во Германија ќе има средба со канцеларот Олаф Шолц.
Земјите на ЕУ, како и други европски земји, Денот на победата над фашизмот го одбележаа вчера, додека Русија и уште некои земји, ќе го прослават денеска. Денот на победата над фашизмот се слави во знак на сеќавање на денот, кога нацистичката Германија потпиша капитулација во Втората светска војна, 1945 година.
Русија секој 9 мај организира традиционална воена парада на Црвениот плоштад во Москва, на која земјата прикажува воени достигнувања.
Денот на Европа е востановен во знак на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман од 1950 година. Тоа се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ.
Декларацијата беше предлог за поранешните непријатели, Франција и Германија, да воспостават нов облик на соработка, со цел, војна во Европа да не се случи повторно.
Предлогот доведе до создавање на Европска заедница за јаглен и челик во 1951 година, потоа Европска економска заедница, а денешна Европска Унија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград