Вести
Православните христијани слават Свети Атанасиј
Православните христијани, денес 31 јануари го празнуваат Св. Атанасиј Велики. Овој светец, верниците го чествуваат два пати во годината, на 15 мај како летен и на 31 јануари како зимски празник.
Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детство бил наклонет кон духовниот живот. Над 40 години бил Архиепископ на Александрија. Во текот на своето делување, на неколку пати бил прогонуван од страна на римските императори. Едно период од својот живот минал во пустина заедно со свети Антониј Велики.
Денес слават именден: Атанас, Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте. Во народот постои верување дека со настапувањето на празникот главните студови веќе се поминати и започнува затоплување на времето. Во народното верување, Св.Атанасиј е победник над силните студови и мразови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар