Поврзи се со нас

Македонија

Детали за акцијата во која денес во Скопје беа уапсени повеќе лица

Објавено

на

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје и едно лице од Тетово, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење на кривични дела од областа на економски криминал и кривични дела против културно наследство, соопшти МВР.

Во продолжение соопшението на МВР го пренесуваме во целост:

„Во текот на денот, по добиени судски наредби, извршени се претреси кај 11 физички лица (10 во Скопје и едно во Тетово), а во тек се претреси во девет правни субјекти во Скопје. Притоа, од слобода се лишени девет лица, додека по две лица се трага. Притоа пронајдена е и одземена документација, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ уреди, растителна материја, два пиштоли, муниција, пари во различни валути.

Единицата за финансиски истраги во Секторот за криминалистички истраги при ОСОСК по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 лица (10 од Скопје и едно лице од Тетово), на возраст од 31 до 64 години, поради сомнение за извршени кривични дела „злосторничко здружување”, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Имено, прво пријавениот М.Љ., во својство на службено лице—претседател на Одбор на директори во АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор, во периодот од октомври 2022 до септември 2023 година, со неизвршување на својата службена должност за заштита на деловниот простор од значење за Републиката и со намера да прибави за себе и за членовите на злосторничкото здружување противправна имотна корист, извршил противправно рушење, односно уништување на автентичниот објект Хотел ,,Шар Ан“, кој како дел од Старата скопска чаршија со Закон е прогласен за културно наследство. М.Љ., иако знаел дека автентичниот објект е културно наследство во сопственост на РСМ со право на стопанисување на акционерското друштво, заедно со С.Љ., вработен во правно лице и К.Д., советник во НУ Конзерваторски центар Скопје, формирал злосторничко здружување и заедно со неговите членови: Б.М., управител во правно лице и сопственик на правен субјект од Скопје, Н.И., како и Б.Е., сопственик и управител на правно лице и И.Е., вработен во истото правно лице, преземале низа противправни дејствија за противправно рушење, односно уништување на автентичниот објект Хотел ,,Шар Ан“.

Потоа, тие заедно со останатите членови на злосторничкото здружување: К.Ч., поранешен директор на НУ Конзерваторски центар Скопје, А.А., поранешен в.д директор на Управа за заштита на културно наследство и А.У., поранешен заменик на генералниот директор во Агенција за катастар на недвижности, иако знаеле дека не постои правен основ за упис на промена во Агенцијата, подготвиле документација која ја искористиле со помош на С.С., вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, да извршат противправен упис на промена на имотниот лист од градежно изградено во градежно неизградено земјиште и да го променат односно избришат објектот и правото на стопанисување на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор.

Со наведените противправни активности, понатаму би се овозможиле понатамошни противправни дејствија од страна на членовите на здружувањето, а С.Љ. да се впише како сопственик на катастарската парцела, со што организаторите би се стекнале со противправна имотна корист за себе и за членовите на злосторничкото здружување, а на државата ѝ нанеле непроценлива штета по однос на статусот на културното наследство, во износ од 180.000.000 денари.“

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 2 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 4 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 6 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 7 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 8 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 8 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 22 часа

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 24 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена