Поврзи се со нас

Гостивар

Џафери одговара кои му биле најпредизвикувачки моменти во Собранието

Објавено

на

Настаните во Парламентот од 2012-та и 2017-та година, биле најтешките и најпредизвикувачки во законодавниот дом до сега, за актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Нив ги издвои вчера, одговарајќи на новинарско прашање во Гостивар кадешто учествуваше на настан „Собрание за граѓаните“.

„Во сите овие 20 години како сум дел од Собранието има доста настани кои се предизвикувачки. Би ги издвоил тие од 2012-та и 2017-та, во смисла на случувањата внатре. 2012-та кореспондира со процесот на носење на буџет и тргнувањето на пратениците и новинарите од салата и тоа беше можеби најпредизвикувачкиот момент како пратеник, затоа што ништо не зависеше од нас. И 2017-та со влегувањето на луѓето во просториите на Собранието и штетата која е направена и која можеше да биде и поголема. Тоа се два моменти кои треба сите ние треба да ги паметиме и да не се дозволи да се повторат. Често во Собранието зборувам дека во мој мандат нема да дозволам да се случат такви настани, затоа што внатре во Собранието треба да се води дебата, да се разговара, да не доѓаме во такви тешки ситуации.“, рече Џафери.

За работата и работната атмосфера во Парламентот  сега, собранискиот спикер ја даде следната оценка:

„Па не е сјајна, тоа го кажаа и оценките од меѓународната заедница, но е како резултат на однесувањето на нас пратениците, на одлуките кои политичките партии ги носат. Легитимно имаат право да носат било каква одлука во однос на нивното делување во Собранието, но претпочитувам дека секој кој носи одлука треба да размислува и за последиците, а во контекст на Собранието тоа ќе се рефлектира на наредните избори. Секој политички субјект е слободен да одлучува, но последиците од одлуките ќе ги видиме поединечно како партии на изборен процес.“, подвлече Џафери.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена