Поврзи се со нас

Вести

„Диви“ возачи низ Гостивар: возат автомобили, комбиња па дури и камиони, а немаат возачка

Објавено

на

Една од почестите појави во сообраќајот на гостиварското подрачје е управувањето возила без возачка и возењето нерегистрирани возила. Полицијата до сега не успеа да ги скроти “дивите’ возачи и покрај бројните превентивно-контролни активности кои беа преземани континуирано.

За единаесет месеци од годинава на поширокото гостиварско подрачје откриени се вкупно 1.127 лица без возачка дозвола и 904 нерегистрирани, односно возила со истечена регистрација. Бројките сами по себе зборуваат дека проблемот е загрижувачи.

„Најголемиот број од возачите без дозвола управувале автомобили, но имало и такви кои возеле комбиња, камиони и минибуси. Претежно станува збор за поединци на возраст од 16 до 35 години, меѓу кои неретко се среќаваат и таканаречени повторници. Она што посебно загрижува е дека меѓу учесниците во сообраќајни несреќи со посериозни последици извесен број биле токму лица без положен возачки испит.“, ивестуваат од Секторот за внатрешни работи.

Управувањето возила без возачка дозвола е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и казната за ваквиот прекршок изнесува 300 евра,  плус 400 евра за лицето кое е сопственик на возилото и му го дало на управување.

Глобата за истечена регистрација,  се движи од 100 до 500 евра.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена