Здравје и убавина
Доколку имате сува кожа, овие намирници и пијалоци може да бидат виновни за тоа
Многу луѓе имаат проблеми со сува кожа, а овој проблем би можел да биде уште поизразен во зимските месеци. Освен генетиката или одредени медицински состојби, на кожата може да влијае и храната и пијалоците што ги консумираме. Еве диететичарите која храна и пијалоци ги издвоиле што лошо делуваат на кожата.
Кофеинот
Пијалоците како кафе, чаеви, газирани пијалоци и енергетски пијалоци генерално содржат кофеин. Ако се консумира премногу кофеин во текот на попладневните часови, тоа може да влијае на спиењето што на крајот може да доведе до дехидрација на кожата.
Според дерматолозите, само една ноќ на лош сон може видливо да покаже на кожата намалена хидратација, компромитирана функција на бариерата, забрзано стареење на кожата и темни кругови. Исто така се советува дека ако сакате да пиете кофеин, направете го тоа порано во текот на денот.
Алкохол
Алкохолот е диуретик и предизвикува губење на вода преку зголемено мокрење. Прекумерните количини може да придонесат за целосна дехидрација, која ја вклучува и кожата. Консумацијата на алкохол, исто така, ги исцрпува природните антиоксиданси, што ја прави кожата подложна на оштетување од нешта како што се загадувањето и ултравиолетовите зраци.
Исто како кофеинот, алкохолот исто така може да го наруши режимот на спиење.
Натриум
Јадењето премногу сол може да предизвика телото да ја повлече водата од своите клетки и да дехидрира. Препорачаната количина на натриум дневно е помала од 2.300 милиграми, околу една кафена лажичка, а многу луѓе консумираат двојно поголема количина.
Високи количини на натриум често се наоѓаат во подготвената храна како што се конзервирана и замрзната храна, сендвичи и сосови како соја сос или сос од домати. Грижата за дневниот внес на натриум може да помогне во тонот и еластичноста на кожата.
Додадени шеќери
Во секојдневната исхрана се внесуваат многу додадени шеќери. Ако претераме со ова всушност го оштетуваме процесот во кој телото закрепнува и создава колаген, кој е неопходен за еластичноста и здравјето на кожата. Најдобро е да се биде свесен за тоа колку шеќер пиеме во нашите пијалоци и консумираме во нашите оброци. Наместо пијалоци богати со додадени шеќери, подобро е да се јаде повеќе овошје и да се пие вода, кои се многу подобри и поздрави алтернативи за здравјето на организмот, а со тоа и на кожата.
Пржена храна
Јадењето пржена храна, како помфрит, чипс, хамбургери и слично, може лошо да влијае на кожата бидејќи предизвикува воспаление кое може да биде поврзано со дехидрација. Дехидрацијата може да доведе до црвенило и чешање и да биде поврзана со воспалителни состојби на кожата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија