Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Многубројни здравствени придобивки од лукот: Јадете по едно чешне секое утро на празен стомак

Објавено

на

Ако имате слаб имунолошки систем и сте склони кон настинки, високи маснотии во крвта и висок крвен притисок, едно чешне лук секое утро може многу да помогне во подобрување на вашето здравје.

Лукот е моќна билка и зеленчук за која е докажано дека има голем број здравствени придобивки, но често не сме сигурни како најдобро да го додадеме во нашата исхрана за да го извлечеме максимумот од неговите придобивки. Затоа ви ги претставуваме благодетите кои едно чешне лук може да му ги пружи на вашето тело, доколку секојдневно го консумирате на вистински начин – наутро, на празен стомак.

Лукот припаѓа на семејството Алиум (кромид), односно луковичен зеленчук кој се користи насекаде низ светот како додаток на храна за додавање на вкус. Тоа е можеби најкористениот додаток во светот воопшто.

Што се случува кога денот го започнувате со лук?

Лукот има лут вкус и може да биде тешка задача за прво нешто што ќе го изедете наутро. Сепак, гледајќи ги придобивките кои можат да произлезат од него, не е лошо да се обидете да ја спроведете оваа навика во пракса.

Многу е корисен, особено ако се консумира на празен стомак, за оние со слаб имунитет. Ја зајакнува отпорноста на организмот на вируси кои предизвикуваат настинка и кашлица. Ако го јадете на празен стомак, може да го поддржи здравјето на цревата и да ги ублажи стомачните болки и проблемите со запек.

Генерално придонесува за поголема отпорност на организмот.

Еве ги главните придобивки од лукот:

Моќен антиоксиданс

Лукот е полн со антиоксидантни својства, па затоа помага во лекувањето на воспаленијата во организмот. Лукот содржи природни антиоксиданси кои помагаат против оксидацијата на клетките, ги намалува липидните пероксиди и оксидацијата на липопротеините со мала густина, односно позитивно влијае на нивото на лошиот холестерол во организмот.

Ова е причината поради која на луѓето кои страдаат од инфекции на грлото, настинки и други болести предизвикани од воспаленија во организмот им се препорачува да користат лук.

Помага во борбата против холестеролот

Ако страдате од висок холестерол, лукот е добро решение. Додадете го во вашата секојдневна исхрана и резултатите ќе бидат многу подобри. Имено, докажано е дека неговите својства можат да го намалат вкупниот и ЛДЛ (лошиот) холестерол.

Лукот помага да се контролира високиот крвен притисок

Друга придобивка од додавањето лук во вашата исхрана е тоа што може да ви помогне да го држите крвниот притисок под контрола. Во една студија, екстрактот од лук е докажан како ефикасен како и лекот за притисок, кој се користи за намалување на високиот крвен притисок.

Помага во спречување на настинки

Лукот е одличен лек за настинка и кашлица. Познато е дека ја зајакнува функцијата на имунолошкиот систем, со што се подобрува борбата на организмот против компликациите предизвикани од настинки.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 18 минути

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 2 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 13 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 14 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 19 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 20 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 21 час

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 23 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 1 ден

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена