Гостивар
Донации од храна, заштитни маски и лекови за децата со посебни потреби во Гостивар

Вонредната состојба поради коронавирусот го измени и отежни секојдневието на сите, но најпогодени се лицата со посебни потреби. Поаѓајќи од тој факт и желбата да се излезе во пресрет на ранливите групи, Здружението Заедно можеме од Гостивар спроведува хуманитарни активности за помош на лицата со попречености, особено на децата од таа категорија и нивните родители.
Здружението собира донации во храна, средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, лекови и слично, а потоа ги распределува на семејствата.
„Семејствата со деца со посебни потреба во овој период се соочуваат со дополнителни тешкотии, затоа што тие дечиња имаат многу кревко здравје и лесно се разболуваат од вируси. Затоа сакаме да им излеземе во пресрет, да им обезбедиме тоа што е неопходно и да им го доставиме до дома. Да не мора да излегуваат и да се изложуваат на ризици. До сега беа доставени пакети за 45 семејства, а во следните денови ќе бидат опфатени уште толку. Упатувам благодарност до граѓаните и фирмите кои донираат, а воедно и апел до сите да се приклучат во оваа хуманитарна активност.“, вели претседателот на здружението, Шпенди Салија.
Граѓаните и фирмите исто така може да донираат и парични средства со кои потоа се купуваат потребни производи за семејствата. До сега на ваков начин се собрани околу 2.500 евра.
Здружението може да го исконтактирате на телефон 078-427-881.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград