Поврзи се со нас

Гостивар

Драстичен тренд: Од над 1.200 новородени годишно Гостивар падна на околу 420

Објавено

на

Во последните две децении значително опаѓа бројот на новородени на гостиварското подрачје. Статистичките показатели кои доаѓаат од гинеколошко-акушерското одделение во општата болница во Гостивар се поразителни и зборуваат за намалување од три до четирипати.

„2000-та година сме имале 1.299 раѓања, а за жал 2023-та завршивме со 417 раѓања. Тоа е драстична разлика, 3 до 4 пати е опадната бројката на новороденчиња во реонот на Гостивар. Од година на година се‘ повеќе се соочуваме со оваа проблематика. За пример, во 2022-ра сме имале 472 раѓања, што значи за една година 55 помалку бебиња. Најголемиот пад на раѓањата настанува од 2016-та наваму.“, истакна д-р Агим Јакупи, раководител на одделението во гостувањето во емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk.

Иселувањето е причина број еден за падот на нателитетот, а големо влијание имаат и економските кризи, современиот начин на живот, трката по кариера…

„Причините може да бидат различни и комплексни, но пред се‘ би ги лоцирал во големата миграција на населението. Потоа, тешките економски состојби во Македонија, па проблемите на жените кои се создаваат при вработување или на работно место. Секој работодавач прво прашува Дали сте мажени? Сето тоа, придонесува во планирањето на семејство. Тешко е во ова време да се одгледаат 2-3 деца, а со такви плати како денешните луѓето тешко врзуваат крај со крај. Не е како пред 20-30 години кога едното дете ќе го облечеа со работи од другото дете. Сега, уште неродено му се купува облека, па според полот избираат розева или плава. Но, главна причина сепак сметам дека е иселувањето.“, кажа д-р Јакупи.

Податоците земени од Матичната служба покажуваат дека половината од запишаните бебиња во книгата на родени всушност се родени во странство.

„За жал, ако овој тренд продолжи не знам на каде ќе тргнат работите, за жал тоа ќе биде катастрофа, голема катастрофа во однос на движењето на работите во градот, на економските проблеми, нема да биде на добро оваа работа. Сакам да верувам дека државата, Владата некако ќе креира некаков план околку овие работи, но не сум многу оптимист.“, заклучи д-р Јакупи.

Во емисијата, која може да ја проследите на Јутуб каналот на Gostivarpress.mk зборуваме и за женското здравје, младите и сексуалната едукација, условите и состојбите на гинеколкошко-акушерското одделение во болницата во Гостивар, недостигот од гинеколози, статусот на лекарите во земјава…

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена