Поврзи се со нас

Гостивар

Државната изборна комисија вработува 29 лица, во Гостивар се бара помлад соработник за избори

Објавено

на

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 29 службеници во Државната изборна комисија во различни сектори и одделенија во повеќе градови низ земјава. Во зависност од работната позиција, месечните плати се движат од 22.000 до 37 илјади денари.

Во Подрачното одделение Гостивар, Сектор за избирачки список, евиденција на избирачкото право, составување и ажурирање на избирачкиот список и описот на избирачките места, се отвора едно место за помлад соработник за избори. Кандидатот треба да ги исполнува општите услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Од посебни услови се бара:  ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Политички науки или Јавна управа и администрација, со или без работно искуство во струката

Платата изнесува 22.020 денари, а согласно годишниот план на институцијата за 2020 година предвидено е вработување на Турчин(ка).

Огласот е отворен до 20 февруари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена