Поврзи се со нас

Гостивар

Две групи деца во градинките во Гостивар се вратија од изолација, ковид состојбата стабилна

Објавено

на

Управата на градинките во Гостивар ја оценува моменталната состојба со коронавирусот во објектите каде се згрижуваат дечиња како стабилна. Моментално нема изолирани групи деца, откако денес две групи се вратија од 14 дневна изолација. Потврдени се неколку позитивни вработени, од кои 3 од техничката служба.

„Тоа што се покачи бројката на заболени во Гостивар последно време нормално се одрази и кај нас, затоа што комуникацијата е и надворешна, не се контакти само изолирани во градинките. Сепак, можам да кажам дека состојбата е стабилна. Протоколите се почитуваат, се запазуваат сите мерки против ковид-19. Моментално, имаме четири позитивни, од кои три се од техничкиот персонал. Исто така, две негувателки се во домашна изолација. Според мерките, две групи деца веќе се вратија од изолација која траеше 14 дена. Во моментов немаме групи деца во изолација. Вработените ротираат, се организираме според моменталните потреби“, информира Даниела Бошкоска, директор на детските градинки во Гостивар.

Поради протоколите градинките работат со значително намален капацитет. Од друга страна интересот кај родителите да ги носат децата во градинка е голем.

„Кога се подобрија временските услови се создаде еден поголем интерес кај родителите, сега повторно како растат бројките на заразени, интересот спласнува. Но, тоа е моментална променлива состојба. Актуелно 264 деца ги посетуваат градинките, имаме интерес и од други, кои не може да ги примаме заради протоколите. Вкупниот број на деца на листа на чекање е алармантен, ги има 260. Во соработка со општината ќе се обидеме да адаптираме дел од просториите за да опфатиме што повеќе деца, да се намали таа листа.“, вели Бошкоска.

Правилата за работа на градинките во пандемија предвидуваат: задолжително мерење на температура при влез, често дезинфицирање и проветрување на просториите, високо ниво на лична хигиена, групите да не се мешаат, воспитувачките и негувателките задолжително да носат маски, оброците да се јадат во занималните итн.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена