Поврзи се со нас

Вести

Еден куп странски танчерки и пејачки нелегално работат низ локали во гостиварско

Објавено

на

Девојки од Албанија, Србија, Косово, Бугарија во потрага по заработувачка завршуваат како танчерки и пејачки во барови и кафеани на поширокото гостиварско подрачје. Во земјава престојуваат непријавено или спротивно на целта, односно го злупотребуваат туристичкиот престој, а не ретко се вмешани и во проституција.

Акциите што години наназад ги спроведува полицијата не ги одвраќаат газдите на локалите и странските државјанки да продолжат со истиот „бизнис“. Од почетокот на годината Секторот за внатрешни работи Тетово спровел вкупно осум акциски контроли во угостителски објекти, од кои пет на тетовското и три на гостиварското подрачје. Во нив биле откриени 32 странски државјанки, најмногу од Албанија (26),  потоа Србија (5) и една од Косово, на различна возраст од 19 до 35 години.   „Странските државјанки во значителен број го злоупотребиле туристичкиот престој, а некои, пак, работеле нелегално во објектите и по нивното приведување и задржување во Секторот за внатрешни работи Тетово, предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка“, соопшти полицијата.

Во акциските контроли годинава биле откриени и 24 државјанки на Република Македонија, нелегално вработени во објектите како танчерки, келнерки.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена