Поврзи се со нас

Вести

Еден загинат и 70 повредени пешаци минатата година во Гостивар

Објавено

на

Минатата 2017 година, во 70 сообраќајни несреќи на гостиварското подрачје непосредни учесници биле пешаци. Една од несреќите завршила со 1 загинат, тешки телесни повреди задобиле 11 лица, а повреди од полесен карактер 59 лица. Или споредено со претходната ( 2016 година ), лани на ова подрачје намален е бројот на загинатите пешаци за 2, додека бројот на тешко и телесно повредените е на приближно исто ниво како во 2016 година.

Најголемиот број од минатогодишните несреќи со учесници-пешаци биле последица на неприлагодена брзина од возачите, односно недавање предност од нивна страна или поради невнимание на пешаците.

Имајќи во вид дека и на почетокот од годинава на тетовско-гостиварското подрачје се случија неколку сообраќајни несреќи со повредени пешаци, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите задолжително да им даваат предност на пешаците и да ги пропуштаат на пешаки премин.Зашто, во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и глоба која за ваков вид прекршок изнесува 300 евра во денарска противвредност.

На пешаците пак им се советува да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат, внимателно да се движат и да не се задржуваат на коловоз, посебно на крстосници, но и воопшто.

Глобите за нив, зависно од прекршокот, се движат од 35 до 45 евра во денарска противвредност.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 14 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 15 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 18 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 18 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 19 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 20 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена