Поврзи се со нас

Гостивар

Блокади во Бањица: Крајно незадоволни сме од работите за Коридор 8, никој не води сметка за нас

Објавено

на

Граѓаните од Горна и Долна Бањица денес ги блокираа влезовите на овие населени места од револт за работите за изградба на Коридорот 8 во нивна близина. Незадоволството на жителите расте, и по протестот што го организираа пред десетина дена, се решија на блокада на патиштата за да ги спречат возилата на работниците на коридорот да поминат на локациите кадешто се работи.

„Крајно незадоволни сме од проектот за Коридорот 8 и веќе најавивме дека ќе имаме редовни протести и блокади. Денес ги затвориме патиштата, приодот до локациите каде се вршат работите. Не добивме никакви информации од надлежните институции, што се работи во атарот на нашите села, немаме никакво известие каков е планот и зошто ни‘ се одземаат нивите. Пишува во решенијата што ги добивме само „трајна експропријација“, а зошто, како, што никој не ни кажува, тоа е знак прашалник. Сериозни сме во нашите барања, и продолжуваме со протести и блокади. Следниот протест ќе биде пред општина, а ќе го блокираме и магистралниот пат, се‘ додека не добиеме официјално известие какви се плановите, што се предвидува ќе делуваме на ваков начин. Ние живееме тука 5.000 души и опстанокот ни е од тоа земјиште што сакаат да ни го земат, а нив апсолутно не им е гајле за ништо. Ни државата води сметка за тоа, никој.’, рече Насир Асипи, претставник на учесниците во блокадите.

Граѓаните најавија дека доколку не добијат одговор од институциите, ќе организираат уште поголеми протести и блокади заеднички со жителите на околните села Здуње и Дебреше.

На првиот протест во Бањица мештаните искажаа револт што никој од надлежните институции не ги информирал дека ќе стартува таков проект и дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето за минимален надоместок.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена