Вести
Еколошки акции во мавровско-реканскиот крај
Јавното комунално претпријатие „Маврово“ периодов спроведува акции за чистење на отпадот и создадени диви депонии во мавровско-реканскиот крај. Екипите на претпријатието собираа нафрлан смет на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај Стража, во Маврови Анови, областа кај потопената црква Св.Никола, селото Маврово, покрај патот Маврово-Дебар, паркинг просторите, во село Требиште и на други локации.
„Овој регион има прекрасна природа и наша цел е да ја сочуваме и негуваме. Затоа апелираме до сите граѓани на општината и до оние кои патуваат низ овој крај, да внимаваат каде фрлаат и каде го депонираат отпадот.“, вели Александра Матеска, директор на ЈКП Маврово.
Во склоп на еколошките акции, претријатието започна и со оградување на контејнерите со метална жица. „Честа појава е животни да го растураат ѓубрето од контејнерите, затоа за да оневозможиме да дојдат до сметот, вршиме оградување на критичните места каде што најмногу се депонира смет.“, објаснуваат од ЈКП.
Активностите се спроведуваат во соработка со општина Маврово Ростуше.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград