Гостивар
Филипоски: Ја зголемивме социјалната помош за 300 %, минималецот од 9.000 на 14.500 денари, патните трошоци за пратениците ќе се укинат
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2020/06/image0.jpg)
Од коалицијата „Можеме“ која ја предводи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во денешната изјава се осврнаа на владеењето на правото и воспостувањето на праведна држава, правосудството и социјалната и солидарна помош.
„Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање. Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош. Направивме пресврт и разлика, од општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.“, рече кандидатот за пратеник од Гостивар, Драгољуб Филипоски.
Тој истакна дека правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители, а патните трошоци за пратениците ќе се укинат.
„Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции. Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните. Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Затоа, системот ќе го промениме од корен. Ниту еден пратеник нема да добива патни трошоци за патување од Скопје до дома. Собранието ќе обезбеди станови од околу 50 м2 за секој пратеник да може да остане во главниот град во текот на неделата. СДСМ нуди грижа за сите, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. СДСМ нуди професионални инситуции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси. На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство“ потенцира Драгољуб Филипоски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград