Поврзи се со нас

Вести

Формиран Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот

Објавено

на

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција, упати најостра осуда за масовниот напад на Иран врз Израел во текот на ноќта, што може да доведе до дополнителна ескалација на состојбите во Блискиот Исток.

“Го осудуваме овој напад како што ги осудивме и претходните, и како што ќе ги осудиме и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат. Насилството раѓа насилство, а овој повторувачки круг на одмазда неповратно ја ескалира состојбата во регионот, која многу лесно може да се прошири; повикуваме на итно стопирање на сите насилства, затоа што ако сега не се прекине со насилството од одмазда, состојбата наскоро ќе ја помине точката од која враќање назад – нема.”, кажа министерот.

Османи се осврна и на многу тешката ситуација на цивилното население во Газа, нагласувајќи дека Израел сноси своја одговорност за страдањата на цивилите, што ние принципиелно го осудуваме.

Османи потсети дека Министерството за надворешни работи ги извлече најголемиот број на наши државјани кои се наоѓаа во Израел, со организиран лет во октомври минатата година, а дел останаа согласно своја сопствена одлука. Според податоци со кои располага Министерството, во Израел има најмногу 40-50 наши државјани, меѓу кои и семејствата на нашиот дипломатски персонал во Тел Авив.

“Би сакал да информирам дека прва одлука што ја донесов утринава е одлуката за формирање на кризен штаб, примарно надлежен да организира извлекување на нашите државјани од Израел и пошироко Блискиот исток, доколку се јави потреба за тоа. Извлекувањето ќе зависи од динамиката на состојбите идните часови и денови, како и отворениот аеродром во Тел Авив, кој денес, во утринските часови, повторно е ставен во функција, но работи со ограничен капацитет. Единствената алтернативна рута е копнениот пат преку Јордан” потврди Министерот.

Дополнително, Османи повика Претседателот да свика седница на Советот за безбедност каде би се разгледале можните сценарија од евентуалното ескалирање на состојбата на Блискиот Исток и повторното актуелизирање на балканската мигрантска рута.

Османи потсети дека персоналот на Амбасадата е на безбедно и останува на располагање на нашите државјани.

“Ги повикувам сите државјани на Северна Македонија во Израел да бидат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон + 972 549 267 378, како и SOS дежурните телефони на Министерството за надворешни работи (+389 75 273 732/ +389 75 268 736), со цел подготовки за евентуална евакуација” истакна Османи.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за надворешни работи упати апел до нашите државјани да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Рецептипред 4 недели

Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо

Вестипред 4 недели

Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена